Img
Ричард Фајнман – најголемиот ум после Ајнштајн!

Денеска е роден Ричард Фајнман – најголемиот ум после Ајнштајн!

Да се објасни науката на едноставен, симплифициран и притоа многу забавен начин е умешност само на малкумина. Можеби единствен меѓу нив, кој успева да ја популаризира физиката и да ни ја прикаже науката на позабавен начин, е големиот американски физичар Ричард Фајнман, уште познат како најголемиот ум после Ајнштајн.

Роден на денешен ден 11 Мај 1918 година, Фајман е познат по неговите комични и често раскажувани шеги поврзани со сложените концепти на науката.  Истовремено е и редок пример на научник кој на многу едноставен начин успеава да ги презентира и објасни сите комплицирани проблеми што ги содржи науката. Токму преку уникатниот начин на предавање и пренесување на фактите, тој се труди да ја популизира физиката, во што и успева. Неговите предавања стануваат рекордно посетени, а неговите книги се извор на инспирација и ден денеска. Една од неговите најпродавани книги е „Сигурно се шегувате г-не Фајнмен“.

Да се напишат сите достигнувања на Фајмен треба многу простор. Но она што најдобро ја истакнува неговата големина е:

  • Нобеловата награда за физика за „ренормализација“ на квантната електродинамика
  • тој е основоположник на квантниот сметач
  • Фајнмен е еден до главните научници вклучени во развојот на атомската бомба за време на Втората светска војна
  • тој добива голема популарност како дел од научниот тим кој ја истражувал несреќата на вселеснкиот шатл Челинџер
  • добива перфектен резултат на влезните тестови по математика и физика на познатиот универзитет Принстон, што е своевиден преседан дотогаш

Необична генијалност

Она што го прави Фајнман необичен е фактот што секогаш се трудел да ја види едноставноста на сите комплицирани нешта околу него. Сведошствата за него покажуваат дека тој не бил способен да реши нешто се додека не го сфати до најситните детали. Од друга страна пак не останувал мирен ако откриел нешто, а истото не можел да го разбере.

Една интересна анегдоата врзана за неговото детство е дека тој со олеснување го прифатил фактот дека Дедо Мраз не постои. Според многумина, Фејнмен имал необична способност да го бара очигледното и тоа да го цени.

Лекции кои ни ги пренесува Фајнмен преку неговите книги

Освен големите откритија во светот на физиката, Фајнмен остава и лекции кои наоѓаат примена во секојдневниот живот на секој човек. Доколку сакате да слушнете дел од советите кои доаѓаат од овој генијалец, подолу издвојување дел од најпознатите:

  1. Работете напорно. Дисциплината е од суштинско значење за совладување на вашиот занает. Потребни се години за да се научи.
  2. Што мислат другите за вас, не е ваша работа. Не се расејувајте од мислењата и гласините што доаѓаат од другите. Фокусирајте се на вашата работа.
  3. Во ред е да ги немате сите одговори.  Лидерите не знаат сè. А кога ќе дознаеш колку знаеш, сфаќаш дека никому не му е грижа. Никој не сака луѓе што се фалат.
  4. Експериментирајте, погрешете, научите и почнете одново. Лидерството често е прашање на експериментирање. Лидерите ги базираат одлуките на претпоставки за кои веруваат дека се точни. Ако резултатите не се еднакви на очекувањата, важно е да се обидете повторно.
  5. Знаењето доаѓа од искуството. Нема срам во неуспехот; срамот доаѓа од непочитување на лекциите научени од неуспехот.
  6. Имагинацијата е важна. Лидерите треба да направат луѓето да се чуствуваат безбедно кога размислуваат за големи работи. Охрабрете ги луѓето да ги следат идеите како нешто што додава вредност за општиот добробит на сите.
  7. Работете го она зашто имате најголем интерес. Тимовите одат напред само кога целите ги инспирираат. Стремежот кон големи цели е вистинит во спортот исто како и во животот. Размислувајте големо,  дејствувајте уште поголемо.
  8. Останете љубопитни. Љубопитноста ја одржува свежа имагинацијата на лидерот. Љубопитниот лидер е ангажиран во потрагата по знаење кое ќе го примене за справување со проблемите на кои им е потребно решение.

Затоа во нашите IQ UP! училишните центри, децата учат преку уникатната методологија за СТЕМ едукација која ги вклучува сите важни аспекти на развојот на детето, вклучувајќи ги критичкото размислување, решавањето на проблеми и експериментирањето. Преку оваа методологија, децата научуваат да работат напорно и да имаат дисциплина и да се фокусираат на својата работа. Исто така, учат да не се срамат од неуспехот, туку да го користат како можност за учење и да го почитуваат искуството и знаењето што го добиваат. Конечно, учат да останат љубопитни и да се ангажираат во потрагата по знаење кое ќе им помогне да се справуваат со проблемите на кои им е потребно решение.