Img
Детето кои имаше пречки во говорот, а потоа стана генијалец

На денешен ден е роден големиот Алберт Ајнштајн

Сите оние што сметаат дека генијалноста е вродена, очигледно ја немаат прочитано биографијата на нобеловецот Ајнштајн. Многумина веројатно ќе се изненадат да разберат дека и  Ајнштај како и многу деца, во раното детство се соочил со пречки во говорот кои подоцна ги надминал. На што се должи генијалноста на Ајнштај, ви откриваме во овој текст

За одредени луѓе воопшто не е потребна особена најава. Доволно е да се спомне нивното име, за да знаеме за кој точно станува збор. Токму таков е Алберт Ајнштајн, името кое стана синоним за поимот генијалност секогаш кога ќе го чуеме.

И со право. Она што го оставил Ајнштај како наследство во науката, е извор од кој ден денеска црпат знаење и инспирација многумина современи научници кои се трудат да направат некој нов пробив во науката, или да дојдат до некое ново научно достигнување.

Но освен научната, Ајнштај ни остава и една поинаква, животна лекција. Всушност и самиот тој низ неговите мемоари, како да открива што е тајната што го издвојува од толпата, и кои се лични карактеристики и навики што се потребни за да се добие статус на генијалец или експерт во областа.

Затоа денеска кога се обележува денот кога тој бил роден, би сакале да ви откриеме одредени карактеристики што ги поседувал Акншштај, а кои и тоа како му погмогнале да биде она по што денеска е најмногу познат – генијалец!

На што се должи генијалноста на Ајнштајн?

Сите оние што сметаат дека генијалноста е вродена, ќе се замислат околу ваквата теорија тогаш кога ќе прочитаат малку повеќе за детството и раните години на нобеловецот Алберт Ајнштајн.

Од дете кое во раното детство се соочил со пречки во говорот, до генијалец, патот се чини речиси невозможен. Но, токму тоа е животната приказна на Ајнштајн која не е само зачудувачка, туку и многу инспиративна.

Без намера да ја намалиме вредноста на неговата дарба за математика и физика, потенцијал кој се забележува уште во неговата рана возраст, со овој текст, сакаме да ги издвоиме и другите карактеристи, кои и тоа како придонеле Ајнштајн да ја достигне величината која ја има денеска.

Еве неколку:

1. Бидете љубопитни

„Немам посебен талент. Јас само ја следам мојата љубопитност“

Да се биде љубопитен можеби многумина го изедначуваат со тоа да се биде досаден и напорен со прашања. Вообичаена пракса за поголемиот дел од нас просечните луѓе е при првата препрека кога работиме или истражуваме нешто, веднаш да се откажеме. Како да имаме отпор да прочитаме малку повеќе, да истражиме подлабоко.

Но Ајнштајн секогаш доследно и до крај ја следел својата љуботпиност. Тој сакал да истражува на места каде никој не истражувал порано оти сметал дека токму таму може да открие чуда и да разјасни мистерии непознати досега.

Затоа следен пат кога ќе помислите дека сте досадни со прашања за работи кои сакате да ги дознаете или разјасните, или ве изморуваат прашањата кои вашите деца ви ги поставуваат,  сетете се дека токму тоа е карактеристиката што може да одвои од просекот.

2. Бидете истрајни

„Не е дека сум паметен. Јас само останувам да работам на проблемот подолго од останатите“

Речиси и да не постои текст кој во последните месеци сме ги напишале за познатите научници, а во него да не посочиме на нивната истрајност во работата. Истото е со Ајнштајн. Фактот дека останувал посветен да работи на еден проблем понекогаш и со години, е она што го прави поразличен од нас.

Така, следниот пат кога ќе наидете на предизвик и работа која од вас бара повеќе време, не се откажувајте. Токму истрајноста е она што дава подобри и поголеми резултати.

3. Дозволете си да правите грешки

„Личност што никогаш не згрешила, никогаш не пробала нешто ново“

Охрабрете се да истражувате, подлабоко да гледате на нештата. Притоа, дозволете си при таквото истражување да  правите грешки. Како што и самиот Ајнштајн заклучил, токму преку грешките може да научиме подобро и да создадеме подобро.

4. Научтете ги правилата, а потоа играјте подобро

„Прво научите ги правилата на играта. А потоа играјте подобро“

Доколку успеме да научиме да бидеме истрајни и посветени да добиеме искуство повеќе од другите, со тоа си овозможуваме секогаш да бидеме чекор понапред од другите. Секако, во случајов најважно е да се разберат правилата за истите да ни дадат моќ во одредени ситуации да ги заобиколиме или подобриме, за да постигнеме повеќе. За да бидете експерт, прво треба да знаете се’ за одредена тема/област.

5. Имагинацијата е моќ

„Имагинацијата е се’. Таа е поважна од самото знаење“.

Да се биде имагинативен е да се гледа светот низ поразлична призма. Знаењето, надополнето со искуство и плус имагинација може да направи суштински промени. Моќта на имагинацијата е да успееш да ја формираш сликата за како ќе изгледа твојата иднина доколку направиш една одредена работа. Затоа дозволете и на имагинацијата да има придонес во се она што го правите.

6. Едноставноста е доблест

Едноставноста е доблест. Само тогаш кога работите ќе ни бидат јасни, доволно јасни за да им ги објасниме на 6 годишни деца и тие да разберат, значи дека навистина имаме владеење над темата. Затоа во се она што правите, трудете се да го разголбите до најситен детал. Токму деталите се она што ве прават постручни и подобри од другите.

Освен за нас возрасните, овие лекции се многу важни и за нашите деца. Колку порано им покажеме дека истрајноста, љубопитноста и имагинацијата се карактеристики кои треба да ги следат и да ги надополнуваат, толку повеќе им го зголемуваме потенцијалот да станат подобри во она што подоцна ќе сакаат да го изучуваат или работат.

Затоа ние во IQ UP! освен на научните лекции од Ајнштајн, големо внимание посветуваме и на овие меки вештини со цел да ја задоволиме, поттикнеме и развиеме љубопитноста и имагинацијата на децата. Преку истражувања и експерименти секојдневно им ја доближуваме науката, вежбаме да биде упорни и истрајни и создаваме активности кои ја будат нашата имаганизација.

За повеќе инфо околу деталите на нашите програми, погледнете на нашата веб страна.

КОЈ БИЛ АЈНШТАЈН?

За сите оние што немале можност малку повеќе да прочиаат за Ајншатјн и за што точно е заслужен тој, еве неколку реченици.

Алберт Ајншата,ј роден на 14 март 1878 година, е германски теортетски физичар, најпознат по неговите дела Теорија на релативност и Теорија за еднаквост на масата и енергијата. Во 1921 година тој ја добил Нобеловата награ за физика за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.

Магазинот Тајм во 1999 година го именува постхумно како „Личноста на векот“, а во пошироката култура неговото име станува синоним за генијалност. Ајншатајн починал на 18 април 1955 година.