Img
Доста е со учење лекции напамет! Време е да зборуваме за содржината, а не за формата на образованието на нашите деца

Импресионирање на учителите со подолго запаметување на лекциите повеќе не треба да биде мерило за успехот на децата. Времето е да зборуваме за содржината, за процесот на учење, за понатамошното разбирање и примена на наученото, а не само за формата на образованието. IQ UP! едукацијата презентира  еден целосно нов и иновативен образовен модел кој се фокусира на примена на знаењето и развој на вештини.

IQ UP! пристапува кон образованието со цел да обезбеди длабоко разбирање на концептите од областа на природните науки, технологијата, инженерството и математиката со способност тие да бидат применети во практика. Преку интерактивно учење, мозочни вежби, експерименти, истражувања, анализи, едукативни игри и реални проекти децата ги разбираат основните концепти и учат како да ги применуваат во реалниот свет. Овој метод на едукација овозможува развој на критичко мислење и проблемско решавање, истовремено развивајќи ги и нивните креативни способности.

Традиционалните образовни системи често пати се фокусираат на теоретско учење и ретенција на информации. IQ UP! влегува тука како дополнителен образовен модел, со цел да ги затвори овие дупки. Неговиот модел на обучување овозможува децата да научат како да учат, како да размислуваат, да анализираат и како да носат заклучоци.

Квалитетот на образованието не е дефиниран само од материјалот кој се изучува, туку многу повеќе од процесот на едуцирање. Методите, техниките, пристапите и активностите кои учителите ги користат за да детето го разбере одреден концепт или тема се од круцијално значање за успехот на образовниот модел.

IQ UP! има развиено стандардизирана методологија, по која IQ UP! учителите ја реализираат наставата, со цел задржување на квалитеот на едукацијата во секоја IQ UP! училница и овозможување на реализација на целиот интелектуален потенцијал на секој ученик.

Ефикасната методологија на обучување не само што трансферира знаење, туку и ги развива вештините на критичко мислење, анализа, и самостојно учење. При тоа важно е децата да бидат активни учесници во своето учење, да размислуваат, разикуваат и истражуваат, наместо еднонасочно да примаат информации.

Од друга страна, образованието треба да биде интерактивно и забавно, за да ги задржи вниманието и интересот на децата. Креативните и интерактивни пристапи, како практични активности, експерименти и проекти, обезбедуваат длабоко разбирање и забавно учење.

Примената на знаењето во реални ситуации означува дека учењето е успешно, и дека децата се способни да користат своето знаење да решаваат проблеми, да создаваат нови идеи и да иновираат.

IQ UP! образованието е ориентирано кон создавање на индивидуи кои се способни за критичко мислење, анализа и синтеза на информации, и кои имаат способност за практична примена на наученото. IQ UP! едукацијата е пример како модерното образование треба да изгледа, и како можеме да ги подготвиме нашите деца за успех во 21 век. Овој вид на образование не само што ги образовува умовите, туку и ги инспирира срцата и душите на нашите најмлади.

УПИСИТЕ се во тек!

Регистрирајте се за бесплатен пробен час 👇

https://forms.gle/b7z6hGCJu88VPvcg7

или контактирајте нѐ ☎️:

IQ UP! Аеродром – 070 382 269

IQ UP! Карпош – 078 887 889

IQ UP! Велес – 075 380 443

IQ UP! Прилеп – 071 308 446

IQ UP! Охрид – 078 249 507

IQ UP! Кавадарци – 075 448 873

IQ UP! Кичево – 071 777 939

IQ UP! Штип – 079 324 249

IQ UP! Гевгелија – 077 771 708

IQ UP! Струмица – 078 340 709