Img
Животот на Блез Паскал: Патешествие од големи броеви до големи идеи

На денешен ден е роден Блез Паскал

Блез Паскал – математички гениј, физичар и филозоф

Имајќи ги на ум инспиративните приказни на големите гении од минатото и проучувајќи ги одблиску, идејата за создавање простор во кој децата ќе можат слободно да го покажат и развиваат својот потенцијал се покажува како клучна во нивниот едукативен, но и целокупен развој. Токму од тие причини IQ UP! се труди преку својата програма да ја препознае и поттикне љубопитноста на секое дете и да му помогне да ја насочи и преточи во креативни дела. 

„Паметниот човек никогаш нема да ви каже дека знае сè“ – Блез Паскал.

Колкумина од нас користат калкулатор секогаш кога треба да соберат или да помножат повеќецифрени броеви? Веројатно сите. Сега кога имаме калкулатор и на нашите телефони, ваквата алатка ја земаме здраво за готово.

Но сѐ до 17 век, односно до раѓањето на Блез Паскал, требало да си навистина гениј за да успееш да пресметаш некој посложен збир. Благодарение на овој голем математичар, денес пресметките ги правиме за неколку секунди.

Затоа денеска, 19 јуни, денот кога во далечната 1623 година бил роден Паскал, сите ние заедно ќе се потсетиме на неговиот живот и сето она што го создал во неговиот прилично краток век, починал на 39 години.

За сите оние што претходно немаат слушнато за Паскал или не се сретнале со Паскаловата теорема на часовите по математика, Паскал бил еден од најголемите математичари, физичари и филозофи во тоа време. A постарата генерација информатичари можеби ќе се сети на програмерскиот јазик „Паскал“, кој е именуван токму во чест на Блез Паскал.

Гениј растен надвор од традиционалниот образовен систем

За еден гениј да го оствари и исполни целиот свој потенцијал, не секогаш е потребен традиционален образовен систем. Веројатно многу повеќе е потребна средина која ќе ги создаде вистинските услови за таа генијалност да се негува и развива.

Тоа го гледаме од животот на Блез Паскал. Роден во далечната 1623 година, во Клермон, Франција, тој на само тригодишна возраст останува без неговата мајка. За болешливиот Блез и неговите две сестри останува да се грижи само неговиот татко Етјен, инаку успешен математичар и државен работник. 

Со цел да создаде подобри услови за своето семејство, по смртта на сопругата Етјен решил да се преселат во Париз. Ги забележал талентот и интелигенцијата на својот син Блез, но Етјен немал доверба во образовниот систем, па решил самостојно да го образова во домашни услови. 

Изненадувачки, иако Етјен бил докажан математичар, сепак, решил својот син да го насочи повеќе кон филозофијата и религијата. Но судејќи според старата филозофија дека јаболкото сепак не паѓа далеку од дрвото, и покрај напорите на татко му, Блез Паскал покажал поголема љубопитност кон математиката и физиката. 

Без разлика дали поради фактот дека математиката му била на некој начин „забранета“ од татко му, па затоа повеќе го интересирала; или поради љубопитноста која произлегла од тоа што Етјен му ја доловил математиката на својот син како „предмет кој бара начин како да се направат прецизни бројки и да се пронајдат пропорциите меѓу нив“, Блез Паскал наскоро станува еден од најголемите математичари во неговото време.

На само 12-годишна возраст тој цртал геометриски фигури на подот од својата соба и се смета дека сам го открил фактот дека внатрешните агли на триаголникот се собираат со збирот на два прави агли, a на шеснаесетгодишна возраст го објавил својот Есеј за конусите (Essai pour les Coniques; 1640). Истата година семејството се преселило во Руан, а две години подоцна Паскал почнал да работи на неговата машина за пресметување, која ја завршил на неполни 19 години. Тоа е прототип на она што ние денес го знаеме како калкулатор. 

Легендата вели дека инспирацијата за калкулаторот ја нашол во часовникот, а мотивот за неговиот развој произлегол од обидот да му помогне на својот татко да ја избегне напорната задача да пресметува даноци. Паскал бил уверен дека ако часовникот може да го пресмета часот, тогаш една машина може успешно да врши и математички пресметки. Токму така го создал првиот калкулатор. 

Во текот на својот живот Паскал ѝ се посветил и на физиката, а во подоцнежните години најмногу на религијата и филозофијата. Неговата болешливост во текот на целиот живот, а особено во последните години, го прават да се посвети повеќе на духовноста и на религијата, а неговите разбирања околу ова ги преточува во повеќе дела. 

Тој умира во Париз, на 19 август 1662 година, на 39-годишна возраст.

Имајќи ги на ум инспиративните приказни на големите гении од минатото и проучувајќи ги поблиску, идејата за создавање простор во кој децата ќе можат слободно да го покажат и развиваат својот потенцијал се покажува како клучна во нивниот едукативен развој. Токму од тие причини IQ UP! се труди преку својата програма да ја препознае и поттикне љубопитноста на секое дете и да му помогне да ја насочи и преточи во креативни дела. 

Неколку интересни факти за Паскал:

  • Паскал го добил образованието од својот татко дома. Никогаш не посетувал училиште или универзитет.
  • Паскал учел латински и грчки, како и историја, географија и филозофија. Тој уште во детството покажал неверојатен талент и разбирање за овие предмети.
  • Во 1640 година, на 16-годишна возраст, го напишал есејот познат како „Мистичен хексаграм“, едно од највредните дела во тоа време во областа на геометријата.
  • Работел и на полето на хидростатиката, која е гранка на механиката на флуиди која вклучува проучување на течности во мирување.
  • Во 1648 година почнал да пишува повеќе од своите теореми во Генерацијата на конусни пресеци.
  • Неговите пронајдоци и откритија се сметаат за клучни за понатамошниот развој на геометријата, физиката и компјутерската наука.