На денешен ден 27 Декември е роден Луј Пастер – таткото на микробиологијата
Најголемата лекција што може да ја научиме од овој голем изумител е дека не треба да се биде особено интелигентен за да се биде успешен. Доволно е да се биде упорен и истраен во она што сакаме да го постигнеме. Исто како што ги учиме и нашите ученици во IQ UP. Преку повторување на експериментите, учиме дека е сосема во ред да се проба одново кога експериментот нема да ни успее првиот пат. Наместо да се откажуваме, учиме трпеливост, истрајност и како децата повеќе да веруваат во себе
„Дозволете да ви откријам што е тајната која ме донесе до мојата цел и мојот успех. Мојата сила, мојот успех се должи на мојата упорност“.
Декември е месец кога славиме многу изумители. Еден од нив е Луј Пастер, роден токму на денешен ден, 27 декември, во далечната 1822 година.
Познат, пред сѐ, по процесот на пастеризацијата, процес наречен по него, Луј Пастер го задолжил светот и со многу други нешта – вакцинацијата, ферментацијата, молекуларната симетрија, теоријата на микробите и неговите достигнувања во изучување на инфективните болести.
Но овој гениј не бил отсекогаш признаен како таков. Како ученик и студент, никогаш не бил карактеризиран како особено интелигентен или надарен. Особено не во хемијата и биологијата, во кои подоцна ги прави своите достигнувања. Интересно, ни самиот не се сметал за таков.
Тоа што го прави успешен и бесмртен е моќта на дисциплината. Тој работел до исцрпување – го посветил целото свое време на истражување, експериментирање и проучување на резултатите одново и одново. Легендата вели дека морал да биде извлечен од лабораторијата за да пристигне навреме на својата венчавка.
Токму тоа, вели Пастер, е тајната на неговиот успех: „Мојот успех се должи на мојата упорност“.
Што е она што може да го научиме од Пастер денес и како ние го спроведуваме во IQ UP?
Децении подоцна, во време кога светот напредува со молскавична брзина, повеќето забораваме да бидеме трпеливи и секогаш пробуваме да го најдеме полесниот пат до успехот.
Моќта на технологијата и брзината со која доаѓаме до нови нешта и знаења нѐ ставаат во секојдневна трка да го бараме резултатот што побрзо. Така, честопати кога резултатот нема да го добиеме првиот или вториот пат, се разочаруваме и се откажуваме.
Забораваме дека токму истрајноста и упорноста е прават разлика при доаѓањето до значајни и важни резултати.
Затоа, во IQ UP посветуваме многу внимание на околностите и атмосферата за создавање дисциплина на повторување, па ги повторуваме постапките повеќе пати за да стигнеме до саканите резултати.
Кај значаен дел од експериментите, како што е на пример фотосинтезата, резултатите од нашите експерименти не ги гледаме веднаш, туку по неколку недели. Како што е засадување гравче, на пример, чекавме три недели за да ги видиме резултатите. Така учиме трпеливост.
Сметаме дека токму трпеливоста и истрајноста се правопропорционални со градењето на самодовербата. Преку негување атмосфера на истрајност создаваме вештини за подобрување на самодовербата кај децата. Ги учиме дека треба да веруваат во себе, во она што сакаат да го постигнат и ги поттикнуваме да пробаат уште еднаш за да стигнат до посакуваниот резултат.
Последно, но исто така многу важно, ги охрабруваме децата дури и во областите во кои сметаат дека се послаби. Преку поврзување на знаењата од областите кои им се силна страна ги поттикнуваме да стигнат до знаења и резултати и во предметите кои не им се „омилени“. Како и самиот Пастер, иако немал лиценца за доктор, ниту пак големо познавање од медицината, преку големото знаење од хемијата и биологијата успева да создаде значаен напредок во медицината.
Така, преку создавање вистински околности за учење и развивање, дозволуваме секое дете самостојно да го види и да го осознае својот потенцијал за повеќе да верува во себе.
Од Пастер може да се научат многу работи. Веројатно нема да ни бидат доволни уште сто реда за да ги сублимираме сите. Затоа подолу нудиме краток осврт на позначајните факти од неговата биографија.
Кој е Луј Пастер?
Роден во Франш Конте, област во Франција, Луј Пастер е познат француски хемичар и биолог. Денеска е најпознат по создавањето на процесот на пастеризација, процес кој утврдува дека бактериите на висока топлина се уништуваат, нешто што наоѓа широка примена при стерилизација во хирургијата и пастеризација во винската и млечната индустрија. Освен пастеризацијата, голема заслуга има и за создавањето на вакцината против беснило.
Но, Пастер дал значајни придонеси и во други сфери, како што се спонтана регенерација на микроорганизмите, молекуларната симетрија и неговите достигнувања во изучувањето на инфективните болести.
Сите негови изуми се должат на неговата истрајност во експериментите. За доаѓање до вакцината против беснило, одредени документи тврдат дека и самиот се заразил за да утврди дали неговиот експеримент функционира.
Познат уште и како „татко на микробиологијата“, интересно е да се спомене дека Пастер денес важи за значајна фигура во историјата на медицината и покрај тоа што немал лиценца како доктор и неговите изучувања се во делот на хемијата и биологијата.
Ви благодариме што редовно ги читате нашите едукативни текстови.
За таа цел ви подаруваме:
Бесплатнa книга со активности – КОДИРАЊЕ
Притиснете на сликата, испечатете ги активностите и забавувајте се!