Франшизата е комплексен, но сигурен и проверен бизнис-модел. Овој модел е можност за многу луѓе да влезат во светот на бизнисот и да ги реализираат своите претприемачки цели, минимизирајќи го ризикот од грешки и неуспех, а максимирајќи ја можноста за успех и сигурност, следејќи го франшизниот оперативен систем. Започнувањето бизнис во рамки на франшиза нуди многу можности и придобивки. Започнувањето франшизен бизнис значи започнување на бизнисот на високо и професионално ниво и станување дел од една поголема, препознатлива и успешна приказна.
Убавината на франшизата како бизнис-модел е во тоа што франшизерите ги чувствуваат бенефитите од двете нивоа: работење за себе, т.е. за сопствен бизнис, но и работење во рамките на докажан бренд и развиена структура. Во овој бизнис-модел ја имате слободата што би ја имале како сопственик на бизнис, слобода во менаџирање на своето време и финансии, избирање сопствен тим и слобода на неограничен раст и развој. Од друга страна, од франшизата добивате сигурност поради докажаниот бренд, иновативни и уникатни производи или услуги што ќе ги нудите, постојаната поддршка и помош од давателот на франшизата, како и професионални обуки.
Зошто отворањето бизнис во франшизен систем е идеално решение за тебе?
- Полесно и побрзо стартување на бизнисот.
- Започнување бизнис на професионално ниво.
- Работење со силен и препознатлив бренд.
- Учењето на бизнисот е многу побрзо и поефективно.
- Заштедувате многу време и ресурси за развој на квалитетни услуги или производи.
- Заштедувате време и пари избегнувајќи ги почетничките грешки во бизнисот.
- Ја чувствувате моќта на франшизната мрежа. Припаѓате на заедница од амбициозни и професионални луѓе кои имаат исти цели и предизвици – да го развијат франшизниот бизнис во својот регион и да го направат попрофитабилен.
- Полесно стекнувате клиенти поради препознатливоста на брендот.
- Ја чувствувате моќта на групниот маркетинг.
- Поголема профитабилност.
- Побрзо враќање на инвестицијата.
И најважно од сè, никогаш не сте сами бидејќи зад вас стои организација и бренд кој се грижи да ви даде најдобра бизнис-поддршка за ваш постојан раст и развој, постојано да воведува новитети во своите услуги или производи, да ги следи светските трендови и да ја одржува конкурентската предност на пазарот.
Запознајте се со првата македонска едукативна франшиза за деца IQ UP!
IQ UP! е компанија со франшизен бизнис-модел, дел од групацијата на веќе докажаниот бренд за детска едукација „Светот на Биби“. IQ UP! е едукативна франшиза за деца која нуди уникатен образовен модел, базиран на иновативна методологија во која се користат напредни и современи методи, техники и пристапи на учење, со цел стекнување функционално знаење и интелектуални вештини. Во IQ UP! едукацијата се опфатени сите области од СТЕАМ-спектарот (наука, технологија, инженерство, уметност и математика), комбинирани со литература и програмирање за деца.
Одлична можност! Отворете свој IQ UP! франшизен едукативен центар!
Оваа франшиза нуди одлична можност да отворите свој IQ UP! едукативен центар во својот град или општина и да направите позитивна промена како во својот живот и професионален развој, така и во животот на многу деца околу вас нудејќи им квалитетна едукација.
Со преземање на франшизата и отворање IQ UP! едукативен центар вие станувате партнери во работењето со давателот на франшизата. IQ UP! како давател на франшиза ви нуди поддршка за почнување на вашиот бизнис уште од првиот ден по потпишувањето на договорот, но и постојана поддршка и обуки за раст и развој на вашиот бизнис.
Што нуди IQ UP! франшизата:
- Препознатлив бренд
- Бизнис-обуки
- Оперативни прирачници
- Пристап до уникатни и иновативни едукативни програми и материјали
- Локален, национален и интернационален маркетинг
- Креативни маркетинг-стратегии и кампањи
- Обуки за учители
- Прирачници за учители
- Иновативни дидактички и наставни материјали
- Информатички систем
- Годишни конференции и семинари
За повеќе информации, контактирајте го тимот на IQ UP! на е-адреса: info@iqup.mk
тел: 070 223 573