Img
Што може да научиме од големиот гениј – Њутн?

На денешен ден 4 Јануари 1643 е роден големиот Исак Њутн

„Она што го знаеме е капка, она што не го знаеме е океан“ – Исак Њутн

 Колкумина од нас досега имаат видено јаболко како паѓа од дрво? Веројатно многумина и пред времето на Њутн, но и по него. Но, единствено големиот сер Исак Њутн си го поставил прашањето зошто се случува тоа и така стигнал до Законот за гравитацијата – едно од неговите најголеми достигнувања.

Токму ова е „тајната“ на генијалноста на Исак Њутн. Тој не само што поставувал прашања туку и посветено и неуморно барал одговори. Дури и самиот рекол:

 „Ако некогаш сум направил вредни откритија, тоа се должи повеќе на трпеливото внимание отколку на кој било друг талент“.

Роден на 4 јануари далечната 1642 година, Исак Њутн е британски физичар и математичар кој се смета за еден од најголемите гении на сите времиња. Тој направил значајни откритија во светот на физиката кои и ден-денес се основа за нови научни достигнувања.

Ние денес најмногу го знаеме по Законот за гравитација, како и по трите Њутнови закони за движењето. Иако е многу лесно да се најде и да се прочита биографијата на Исак Њутн, ние овој текст го посветуваме на лекциите што можеме да ги научиме од него.

Лекции од Исак Њутн што за нас во IQ UP се најзначајни

Надвор од теоријата и законите што ни ги дава Њутн и кои ние во IQ UP ги учиме и разложуваме во текот на нашите часови по физика, математика и астрономија, постојат и други значајни животни лекции кои ни ги пренесува Њутн, а кои се еднакво важни.

А со оглед на тоа дека сме на почетокот од новата година, можеби ќе ви помогнат и вам во креирањето на новогодишните цели, доколку сѐ уште не сте ги дефинирале.

 

  1. Бидете љубопитни

Поставувањето многу прашања понекогаш знае да биде досадно и напорно. Особено за оној што треба да ги слуша. Но токму поставувањето многу прашања и посветеното барање начини да се стигне до нивните одговори е она што ги разликува успешните од неуспешните.

Да не била неговата неодолива љубопитност кон сѐ што се случува околу него, и Њутн немало да стигне до неговата еурека за Законот за гравитација и да го натера да проучи што е она што го привлекува јаболкото да падне на земјата.

Знаејќи го ова, во програмата на IQ UP намерно вметнавме многубројни научни загатки преку кои се обидуваме да ја поттикнеме љубопитноста кај децата. Ги охрабруваме не само слободно да поставуваат прашања, туку и да се обидат самостојно да дојдат до одговорите. Нашите учители се специјално обучени само да им даваат насоки на учениците како да стигнат до решенијата, а не да им ги сервираат одговорите и решенијата.

2. Посветеност и истрајност

Досега сме напишале многу текстови за многу научници. И во сите, речиси без исклучок, гледаме дека без посветеност и истрајност во работата, тешко може да се стигне до големи успеси и откритија. Истото го заклучуваме и од сер Њутн. За неговата посветеност зборуваат повеќе факти: од тоа дека работел 22 часа на ден на своите откритија до фактот дека му биле потребни 18 месеци истражување и работа за да го објави неговото најголемо дело „Математички принципи на природната филозофија“. Одредени писанија за Њутн откриваат дека неговата посветеност и истрајност не познавале граници – се случувало и со денови да не спие за да им се посвети на истражувањата.

Заклучокот од ова е едноставен: ако немате трпение, не очекувајте да бидете креативни или иновативни.

Во свет кој се движи со молскавична брзина, повеќето станавме нетрпеливи и сакаме да стигнеме до резултатите што е можно побрзо. Но, за вистински успех, потребни се трпение и истрајност – карактеристики што ние во IQ UP се трудиме да ги поттикнеме кај сите наши ученици. Низ многу експерименти, кои бараат посветеност и трпение, и се добиваат резултатите понекогаш и по неколку недели, се трудиме да го вежбаме трпението и на тој начин значајно да ја зајакнеме ваквата вештина.

3. Пасија кон учењето

Без пасија кон учење нови нешта, тешко може да се дојде до нови открија. Големината на Њутн се гледа во фактот што ги славел достигнувањата на другите научници. Тој рекол: „Тоа што успеав да видам подалеку од другите е поради тоа што стоев на рамената на гигантите“. За гиганти ги смета научниците од неговото време и законите и откритијата што тие ги постигнале. Внимателно проучувајќи ги анализите што тие ги направиле, тој успева да стигне до нови големи заклучоци, кои подоцна стануваат основа за многу следни истражувања и достигнувања во светот на науката.

Преку читање научни приказни и разложување на сложените научни концепти на поедноставни поими, се трудиме секојдневно да ја поттикнуваме пасијата кај нашите ученици кон учењето. Употребуваме многу интересни мозочни будења, логички активности и загатки за да ја поттикнеме љубовта кон науката и воопшто кон учењето.

Исто многу важно, учиме да се сослушаме и да го валидираме мислењето на сите. Како што Њутн го валидирал истражувањето на научниците од кои и самиот учел.

Од животот на Њутн може да се извлечат и да се научат уште многу лекции. За тоа ќе ни бидат потребни најмалку стотици редови. За нив ќе пишуваме многу во деновите што следуваат. Засега ве оставаме со овие три.

И запомнете, секогаш кога ќе помислите дека сте заглавени во вашите истражувања или проекти, сетете се на големата изрека на Њутн:

„И другите да беа посветени на проблемите исто толку колку мене, сигурно ќе стигнеа до слични резултати“.

Затоа, дајте си време и не разочарувајте се ако брзо не стигнете до вашите замислени цели. Потсетете се дека трпението и истрајноста се карактеристики само на успешните луѓе.

 

Ви благодариме што редовно ги читате нашите едукативни текстови.

За таа цел ви подаруваме:
Бесплатнa книга со активности – КОДИРАЊЕ 📒

Притиснете на сликата, испечатете ги активностите и забавувајте се! 🖨