Img
Плутон: планетата што стане „џуџе“ зошто не си ја “расчистува” својат околина!

Денеска е денот на планетата Плутон – ја знаете ли неговата интереснa приказна?

Можеби секој од нас не знае по редослед да ги наброи планетите од Сончевиот систем, но сигурно знае дека Плутон е една од нив. А дали знаете дека од неодамна, или поточно во 2006 година, Плутон го загуби статусот „планета“ и беше уназаден во статус „џуџе планета“?

Интересната приказна на планетата Плутон, која е откриена на денешeн датум, 18-ти февруари далечната 1930 година,  е најверојатно причината поради која речиси сите што имаат љубов кон астрономијата, ја сакаат, и во исто време ја сожалуваат оваа планетата.

А токму денеска кога славиме 93 години од нејзиното откривање, ви ја раскажуваме  нејзината приказна и споделуваме неколку интересни факти за оваа планета.

Тој што не си “расчистува” околу себе уназадува!

На изненадување на сите, 76 години по откривањето на Плутон, или поточно во 2006 година Меѓународниот астрономски сојуз, со тоа што првпат даде дефиниција за што е тоа “планета”, ја уназади Плутон и ја прогласи за “џуџе” планета.

Всушност во август 2006 година, Меѓународниот астрономски сојуз, по прв пат решава да го дефинира поимот планета, и со тоа Плутон од девета планета во Сонечвиот систем, го губи статусот како таква, и станува „џуџе“ планета.

Со оваа одлука, после години верување дека Сончевиот систем има 9 планети, ќе се заклучи дека нашиот систем сепак има само осум: Меркур, Венера, Земјата, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

За сите оние што сакаат да знаат повеќе, кратко објаснување.

Под поимот планета се подразбира тело кое ги исполнува следните три критериуми: прво, е небесно тело кое кружи околу Сонцето; второ, има приближно кружна форма; и трето си ја „расчистува“ околината на својата орбита.

Под „џуџе“ планета пак се подразбира тело што е помало од планета, но поголемо од астрономски објект, кое ги исполнува првите два услови од дефиницијата за планети, но не и третиот-  за „расчистување“ на својата околина.

5 интересни факти за Плутон:

  1. И покрај многуте верувања дека Плутон е именуван според познатиот карактер – кучето Плутон од цртанот Мики Маус, сепак тој името го добил според Римскиот бог на подземјето.
  2. На Плутон му требаат 248 години за да сврти околу Сонцето. Еден ден на плуто е 6,5 дена на Земјата.
  3. Плутон има црвен снег – истражувањето на сликите направени од Плутон покажуваат дека има региони на кој се смета дека врне црвен снег.
  4. Плутон е помал од месечината на Земјата, односно нашата Месечина, а е најголем од сите “џуџе” планети!
  5. И покрај повеќе од 300 вселенски летала што се обиделе да го истражат, само едно до сега успеало да го посети Плутон, она на НАСА во јули 2015 година.