На денешен ден е роден големиот американски иноватор Томас Едисон
„Генијалноста е еден процент инспирација, деведесет и девет проценти работа“
Сигурни сме дека речиси сите имате слушнато за Томас Едисон, еден од најголемите американски иноватори. Веројатно првото нешто што ви паѓа на памет кога ќе го слушнете неговото име е електричната светилка, без која никој од нас не може да функционира навечер или кога е темно. Но, за оние на кои им треба потсетување, Томас Алва Едисон, роден на 11 февруари во далечната 1847 година, е голем американски техничар и иноватор. Познат е по неколку значајни пронајдоци, како што се грамофонот, микрофонот, акумулаторот, а најпознат е како пронаоѓач на електричната светилка. Тој помогнал во усовршувањето на телефонот, бил меѓу првите што изградиле електрична централа, прв ја применил филмската лента и прв изградил филмско ателје во светот.
Секако, тешко е да ги собереме во еден параграф големината на Едисон и на неговите пронајдоци. Но, денеска нема да навлегуваме во деталите од неговата биографија. Многу поважно, ќе споделиме неколку инспиративни лекции кои можеме да ги научиме и извлечеме од неговиот живот, а кои и тоа како може да ни бидат голема инспирација во нашето секојдневие и во сето она што го правиме денес.
Кои се најважните лекции што можеме да ги научиме од Едисон?
Доволно е само да прочитаме неколку цитати од големиот Едисон за да заклучиме дека најголемата лекција што може да ја научиме од него е онаа за истрајноста и упорност. Но и за постојаноста и за правилно менаџирање на времето.
Упорност
Оној што подетално ја изучува биографијата на Едисон и неговата работа веднаш ќе заклучи дека упорноста е неговата најголема доблест. За сите нас што немаме време да го правиме тоа, доволно е да ги прочитаме само овие два негови цитати за да се согласиме со заклучокот.
„Не е дека не успеав. Најдов само 10.000 начини кои не функционираат“ и „Нашата голема слабост лежи во откажувањето. Најдобар начин да се постигне успех е секогаш да се обидувате, барем уште еднаш“.
Затоа, следниот пат кога ќе заглавите со некој проблем или не можете да најдете решение, Едисоновата упорност нека ви биде инспирација.
Постојаност
Доследно на претходната негова карактеристика, а како следна инспирација која може да се извлече од работата и животот на Едисон, е постојаноста.
Ако не сте успеале од првиот пат или вториот, дали ќе се откажете? Пред да донесете одлука, сетете се дека постојаноста и истрајноста се многу важни за промовирање на вас лично или на бизнисот што го развивате.
Затоа, секогаш кога ќе се почувствувате уморни и ќе бидете во дилема дали да продолжете понатаму, сетете се на неговата изрека:
„Најголемо животно промашување се луѓето кои не сфаќаат колку се блиску до успехот во моментот кога се откажале“.
Времето е нешто што сѐ уште го имаме. Не треба да го трошиме залудно.
Можеби во моментот ги немаме потребните финансии или вештини за да го почнеме она што сакаме да го работиме, но она што секогаш го имаме е времето.
Затоа, следниот пат кога ќе си кажете „Немам време“, сетете се дека тоа во моментот е единствено нешто што го имате, но дека и тоа се троши. Да се научи да се менаџира времето е најдобра вештина што може да ја стекнете. Ако не знаете како, најдете инспирација од големите успешни луѓе и научете како тие го менаџираат времето.
Еве како Едисон најдобро го дефинира времето:
„Времето е единствениот капитал што секој човек го има и единствената работа која не треба да дозволи да ја потроши или изгуби залудно…“
Од Едисон може да се научат уште многу нешта. Но, едни од најважните се токму овие три. Ние во IQ UP! посветуваме големо внимание да им ги пренесеме овие вештини на децата уште од најрана возраст. Преку низа активности и експерименти се трудиме да им помогнеме тие да бидат истрајни, упорни, поорганизирани и посамоуверени.
За повеќе информации како го правиме тоа, посетете ја нашата веб-страница www.iqup.mk или нашите центри низ земјава.