Img
Одиме во ФИНАЛЕ! 🏆 Учениците на IQ UP! со одлични резултати на Интернационалната СТЕМ Олимпијада

Секоја голема приказна започнува со сон. Ние во IQ UP! Македонија, заедно со нашите ученици сонуваме ист сон. Преку квалитетна едукација, знаење, талент, страст и посветеност да му овозможиме на секој наш ученик да го достигне врвот на успехот. Дел од тој сон беше нашите IQ UP! ученици да ги покажат своите таленти и страст кон науката, технологијата, инженерството и математиката на светско ниво. Подготовките не беа лесни; секој ден беше исполнет со учење, експериментирање и решавање на комплексни проблеми. Но, со здружени сили и неверојатна поддршка од нивните ментори во IQ UP! училишните центри, тие беа подготвени да им одговорат на предизвиците што ги носи меѓународната СТЕМ Олимпијада.

На 4 февруари 2024 година, дел од IQ UP! учениците од Македонија, учествуваа на Интернационалната СТЕМ Олимпијада, организирана од Германија. 18 наши ученици постигнаа големи резултати и се  пласираа во големото ФИНАЛЕ кое ќе се одржи на 18 февруари 2024 година!

Овој успех за нас значи доказ и признание за нашата бескрајна верба во потенцијалот и можностите на секое дете. Ние силно веруваме дека секое дете може да постигне толку многу, а на секое дете му треба толку малку: љубов и некој што силно верува во него и го поддржува – изјави Валентина Динова еден од основачите на IQ UP! франшизата, која потенцира колку е важно да се обезбеди поддршка, квалитетна едукација и верба во младите умови за да се искористи нивниот максимален потенцијал.

За IQ UP!

IQ UP! не е само училиште, тоа е место каде што детските соништа и потенцијали се претвораат во реалност. IQ UP! е едукативна франшиза за деца која нуди уникатен и иновативен образовен модел.

IQ UP! пристапува кон образованието со цел да обезбеди длабоко разбирање на концептите од областа на природните науки, технологијата, инженерството и математиката со способност тие да бидат применети во практика. Преку интерактивно учење, мозочни вежби, експерименти, истражувања, анализи, едукативни игри и реални проекти децата ги разбираат основните концепти и учат како да ги применуваат во реалниот свет. Овој метод на едукација овозможува развој на критичко мислење и проблемско решавање, истовремено развивајќи ги и нивните креативни способности.

За да се запознаете одблиску со магијата на IQ UP! едукацијата регистрирајте го вашето дете ОВДЕ за бесплатен пробен час или контактирајте нѐ во IQ UP! училишниот центар најблиску до вас:

IQ UP! Аеродром– 070 382 269
IQ UP! Карпош – 078 887 889
IQ UP! Велес– 075 380 443
IQ UP! Прилеп– 071 308 446
IQ UP! Охрид 078 249 507
IQ UP! Кавадарци– 075 448 873
IQ UP! Кичево– 071 777 939
IQ UP! Штип – 079 324 249
IQ UP! Гевгелија – 077 771 708
IQ UP! Струмица – 078 340 709