За IQ Up! програмите
IQ UP! програмите се уникатни, иновативни и забавни, соодветно приспособени на возраста и интелектуалните потреби на секое дете. Тие се поделени на неколку возрасни групи, а опфаќаат деца на возраст од 5 до 13 години.
Во секоја од програмите се вклучени најважните теми од целокупното образование на секое дете, како што се: математика, биологија, хемија, физика, технологија, уметност и литература, но и нивните поткатегории, како што се: инженерство, екологија, астрономија, електроника, механика и програмирање.
-
3-5 години
Програмата вклучува:- 40 Неверојатни научни авантури
- 100+ Кул научни идеи
- 100+ Забавни експерименти
- 100+ Проекти
- 40 Научни приказни
- 50+ Мозочни вежби
- 120+ Игри и активности
Мали Истражувачи
“Децата треба да се научат како да мислат, а не што да мислат.” – Маргарет Мид
“Децата треба да се научат како да мислат, а не што да мислат.” – Маргарет Мид
Мали Истражувачи е програма специјално прилагодена малите умови на децата на возраст од 3 до 5 години. Во овој клучен стадиум на развој, негувањето на љубопитноста и поставувањето на цврста основа за доживотно учење се од суштинско значење. “Мали Истражувачи” е дизајнирана да запали искрите на љубопитноста кај нашите најмлади ученици, водејќи ги низ фасцинантниот свет на науката, технологијата, инженерството и математиката со нежен, стимулативен и игрив пристап кој директно допира до нивната имагинативна и љубопитна природа.
“Мали Истражувачи” нуди сеопфатена програма кој ги покрива клучните домени витални за раниот детски развој, обезбедувајќи холистички пристап за негување на когнитивниот и интелектуалниот раст и развој на секое дете. Нашата програма се фокусира на:
Когнитивен развој: Преку ангажирачки, соодветни едукативни игри и активности, стимулираме развој на когнитивни вештини, охрабрувајќи ги малите да го разберат светот околу нив на структуриран, сепак игрив начин.
Научно размислување: Едноставни експерименти и активности ги воведуваат децата во основните научни концепти на интуитивен начин, градејќи чувство на воодушевување и желба за истражување на светот околу нив. Децата учат да набљудуваат, предвидуваат и прават заклучоци, полагајќи ја основата за научна писменост.
Инженерство и дизајн: Градежните и конструкциските активности не се само забавни туку и клучни за развивање на просторната свест и разбирање на основите на дизајнот и инженерството. Овие активности го охрабруваат креативноста и иновацијата, вештини кои се ценети во текот на целиот живот.
Математички основи: Преку игрива интеракција со броеви, форми и шеми, децата развиваат рана љубов кон математиката. Нашата програма ја прави математиката забавна и интересна, воспоставувајќи позитивна врска со математичките концепти од почетокот.
Креативност и иновација: Веруваме во моќта на имагинацијата. “Мали Истражувачи” обезбедува бројни можности за креативено изразување, било преку уметнички проекти кои интегрираат СТЕМ концепти или имагинативна игра преку која се истражуваат научни и технолошки теми.
Социо-емоционален развој: Колаборативните проекти и активности за тимска работа ги негуваат социјалните вештини, емпатијата и емоционалната интелигенција. “Мали Истражувачи” става акцент на значењето на комуникацијата, соработката и почитта кон другите, суштински квалитети за успешни идни лидери.
Физички развој: Познавајќи ја важноста на моторичките вештини во рано детство, нашата програма вклучува активности кои стимулираат развој на грубите и фините моторички вештини, од градежни проекти кои бараат прецизна координација око-рака до интерактивни игри кои вклучуваат физичка активност.
Литературна писменост: Преку научните приказни – авантури на Биби, Боби и другарите, учениците се запознаваат со магичниот свет на науката, на интересен начин, стимулирајќи ги нивните изразувачки и раскажувачки способности.
“Мали Истражувачи” е повеќе од СТЕМ програма; тоа е патување на откритие и раст, дизајнирано да инспирира доживотно учење и истражување. Едуцирајќи ги малите умови во свет каде науката се среќава со имагинацијата, технологијата предизвикува креативност, инженерството се развива преку игра, и математиката ја открива својата убавина, ние ја поставуваме основата за нашите идни иноватори и лидери.
-
5-8 години
Програмата содржи:- 40 различни теми
- Над 200 научни поимови
- Над 100 експерименти
- Над 100 реални проекти
- 40 едукативни научни приказни
- 40 дигитални проекти за кодирање
- Над 50 мозочни вежби
- 120 логички вежби и задачи
Магичната лабораторија на Биби и Боби
Биби и Боби ја поттикнуваат љубопитноста кон науката и технологијата
Не постои покреативен ум од оној на децата од претшколска возраст. Тие се нашите сонувачи. Гении за кои не постои препрека да се обидат да го претворат сонот во реалност.
Затоа оваа програма има цел да ја негува и да ја поттикне нивната креативност, како и нивната неизмерна љубопитност. Да им даде знаење како од замисла да дојдат до вистинско решение. Преку научните сказни и авантурите на Биби и Боби, на нашите мали сонувачи им ја откриваме магијата на науката, уметноста и технологијата.
Ги воведуваме во 40 основни теми од областа на биологијата, физиката, хемијата, математиката, инженерството и технологијата и во магична лабораторија на Биби и Боби им ги откриваме природните појави, процеси и закони. На тој начин им создаваме подлога, основно разбирање на сложените образовни концепти.
Големиот Бенџамин Френклин рекол: „Кажи ми и ќе заборавам. Научи ме и ќе запомнам. Вклучи ме и ќе научам.“
Токму тоа е и целта на Магичната лабораторија на Биби и Боби. Преку вклучување во реални проекти, истражување, експериментирање, анализирање, интересни игри и активности им ја откриваме практичната примена на теоретската содржина.
Креативноста и потенцијалот кој децата од оваа возраст го поседуваат ги користиме и да ги воведеме во светот на програмирањето. Им ги посочуваме основните концепти на логичкото размислување, решавање проблем, истражување, поставување хипотеза, развој на нова идеја и создавање креативно решение.
Токму затоа, во последниот дел од часот, користејќи го блоковото програмирање како начин на изразување, им помагаме на децата да се запознаат со дигитални алатки и да почнат да ги користат, преку создавање основни дигитални проекти.
-
6-9 години
Програмата содржи:- 40 различни теми
- Над 200 научни поимови
- Над 100 експерименти
- Над 100 реални проекти
- 40 едукативни научни приказни
- 40 дигитални проекти за кодирање
- Над 50 мозочни вежби
- 120 логички вежби и задачи
Магичната лабораторија на Биби и Боби ПЛУС
Биби и Боби нѐ водат по патот до генијалноста
Талентот можеби е вроден. Но работата на развивање на тој талент е она што нѐ прави гении
Еднаш кога основите се добро поставени, преку Магичната лабораторија на Биби и Боби ПЛУС подлабоко ги воведуваме децата во светот на науката и технологијата.
Се осврнуваме на поконкретни знаења, вештини и проблематики од природните науки, математиката и технологијата.
Со цел да им дадеме посуштинско знаење, ги воведуваме и новите теми како астрономија, електроника, ботаника, анатомија, геометрија, хемиски реакции…
Низ новите 40 теми што се обработуваат во Магичната лабораторија на Биби и Боби ПЛУС работиме на огромен број експерименти и реални проекти, изработуваме интересни игри и забавни активности.
Освен што ги прошируваме хоризонтите во разните теми од основното образование, ги продлабочуваме и знаењата и вештините на блоковото програмирање. Научените лекции ги преточуваме во интересни и иновативни дигитални проекти.
Зарем има нешто поинтересно од тоа децата сами да создадат игра или анимација? Сами да ја посведочат хемиската реакција од мешање различни хемиски супстанции или, пак, сами да утврдат како се прекршува светлината во одредени предмети. Да осознаат што стои зад нашата сенка или колку е важен кислородот за нас и светот околу нас?
-
9-12 години
Програмата содржи:- 40 различни теми
- Нас 300 научни поими
- Над 120 експерименти
- Над 100 реални проекти
- 40 едукативни научни приказни
- 40 дигитални проекти за кодирање
- Над 60 мозочни вежби
- 120 логички вежби и задачи
Научните авантури на Оливер
Научните авантури на Оливер, малиот гениј кој ни помага теоријата да ја претвориме во практикаНе можете да создадете цврста градба на слаби основи
Програмата „Научните авантури на Оливер“ е наменета за повозрасни деца.
Во оваа програма малиот гениј, 10-годишниот Оливер, длабоко ги воведува децата во светот на науката. Преку факти, информации и решавање конкретни проблеми подлабоко ги разјаснуваме темите од областа на природните и техничките науки.
Со неговиот весел и енергичен дух, Оливер умее на забавен, поедноставен и лесен начин, преку интересни мозочни и логични игри и техники, преку конкретни проекти и тимска работа, да ја раскаже и најсложената проблематика од спектарот теми опфатени со СТЕАМ-едукацијата.
Ако низ претходните две програми децата прво набљудуваа решенија, па потоа ги повторуваа, со програмата „Научните авантури на Оливер“ од само набљудувачи ги насочуваме да бидат самостојни инвентори и креативци.
Така, тие веќе сами почнуваат да размислуваат логички. Сами ги откриваат начините како да се дојде до и да се реши еден сложен процес, чекор по чекор. Самостојната мисла и истражување се силно поттикнати од вештите IQ UP! учители. А децата самостојно одбираат како правилно да ги прибираат и селектираат информациите потребни за финалното решение.
Во фокусот ги ставаме креативноста и инвентивноста и преку нив им помагаме својата идеја да ја преточат во конкретно дигитализирано решение како креативна апликација, игра, дигитална приказна или сосема нова идеја произлезена од креативноста на нашите дечиња.
-
10-13 години
Програмата содржи:
- 40 различни теми
- Над 300 научни поимови
- Над 120 експерименти
- Над 100 реални проекти
- 40 едукативни научни приказни
- 40 дигитални проекти за кодирање
- Над 60 мозочни вежби
- 120 логички вежби и задачи
Научните авантури на Оливер ПЛУС
Генијот кој нѐ поттикнува да го најдеме нашиот повик
Секој од нас е гениј. Ама доколку судиме на рибата по нејзината вештина да се качи на дрво, таа целиот свој живот ќе го помине мислејќи дека е недоволно паметна
Програмата „Научните авантури на Оливер ПЛУС“ има цел да ја разбере и насочи слободоумната мисла на нашите ученици. Откако веќе добро се потковани со знаењата од сите дисциплини од СТЕАМ-спектарот, фокусот и вниманието ги насочуваме на темите кои се од најголем интерес на секое дете поединечно.
Ако во претходната програма самостојно размислуваа и бараа логика како да дојдат до едно решение, тука ги поддржуваме самите да создадат идеја и да ја преточат во проект – реален и дигитален.
Така, ги слушаме нивните идеи, ги поддржуваме и ги тестираме во нашите лаборатории. Му дозволуваме на детето да биде свое. Согласно она што е негов најголем интерес, без разлика дали е од областа на хемијата, физиката, уметноста или математиката, правиме проект кој ќе ги задоволи неговите апетити и воедно ќе ги тестира природните и техничките закони и процеси.
На тој начин учиме како да ги комбинираме знаењата од сите области, со цел да ги решиме сложените концепти од математика, физика, хемија, биологија, инженерство, електроника и механика.Во фокусот ги ставаме индивидуалноста и лидерството, како и критичкото размислување. Учиме трпение и тестирање на еден процес одново и одново, и создаваме вештини на лидер кој не се откажува при првиот неуспех, туку врз основа на искуството и резултатите од првиот тест, продолжува да работи понатаму сè додека не дојде до вистинското решение на дадениот проблем (problem solving).Како што рекол единствениот Алберт Ајнштајн: Не е дека сум паметен, туку се посветувам на проблемот подолго време“
Наученото го употребуваме за да креираме кул дигитална игра, анимација, квиз, апликација или дигитална сказна преку програмирање.
Цели на програмите
Нашата цел пред сѐ е да им дадеме знаење и вештини на нашите ученици кои ќе ги применуваат на долг рок, без разлика на областа во кој подоцна ќе одлучат да се надградуваат.
Дел од севкупните цели на програмите:
- Учење сложените училишни теми и концепти на интерактивен и забавен начин, адаптиран на сите стилови на учење
- Стекнување функционално, применето и трајно знаење
- Логика
- Меморија
- Креативност
- Решавање проблеми
- Аналитичко размислување
- Развој на иновативни идеи
- Љубов кон учењето
- Стекнување самодоверба
- Стекнување сигурност во совладувањето нови теми и решавање проблеми
- Комуникациски вештини
- Социјална интеракција
- Тимска работа
- Почит и емпатија кон другите
Закажи пробен час