Cloud

Стани франшизер

Img

Почувствувајте ја моќта на франшизата

Започнете сопствен бизнис користејќи постулати на веќе развиен и проверен бизнис-модел

  • Доколку имате желба да станете претприемач и да бидете дел од една успешна и докажана бизнис-приказна, оваа франшиза е вистински начин да го направите тоа.
  • Да работите во склоп на франшиза, значи да работите по стандардизирани, квалитетни и веќе утврдени и докажани методи и вредности.
    Убавината на франшизата е што не почнувате од нула. Почнувате да градите сопствен бизнис врз постулати на веќе постоен и проверен бизнис-модел. Бизнис модел кој е докажан и успешно функционира во светот.
  • Станува збор за бренд, кој освен што ви нуди високи стандарди и вредности на работа и услуги, ви дава постојана поддршка да растете заедно – вие и вашиот бизнис-концепт.
  • Последно, но не и помалку важно, преку франшизата, вие како франшизер ги чувствувате бенефитите на две нивоа: работење за себе, т.е. водење сопствен бизнис, но и работење во рамките на докажан бренд и веќе развиена структура.
  • На тој начин ја имате целата слобода во водењето на бизнисот, во менаџирањето на финансиите, работните обврски, избирањето сопствен тим и слободата на неограничен раст и развој.
  • И, од друга страна, дел сте од еден поголем тим кој ви овозможува да се надградувате и развивате. Добивате постојана поддршка, во тек сте со сите иновативни и модерни образовни концепти и имате пристап до уникатни професионални обуки!
  • Сè што ви е потребно е да имате желба, енергија и посветеност за успехот на брендот да го продолжите понатаму.

Влезете во светот на
IQ UP ФРАНШИЗАТА

Едукативна франшиза за деца

  • Современа методологија
  • Поинаков начин на учење

Со IQ UP! ја развиваме генијалноста кај секое дете и
го подготвуваме за предизвиците на 21 век!

Одлична можност

Отвори свој IQ Up! едукативен центар

Што точно нуди IQ Up! франшизата

  • img
    img
    Поддршка на франшизерите

    Со отворање свој IQ UP! едукативен центар вие добивате постојана бизнис- поддршка од целиот наш тим. На тој начин нудиме успешно почнување стартап на едукативниот центар и постојана поддршка за раст и развој.

  • img
    img
    Обуки

    Ги следиме најновите трендови и техники од едукативните образовни концепти. Постојано сме во потрага по нови знаења и вештини. Силно веруваме дека само бизнис-модел кој се приспособува на новите трендови, има загарантиран успех, раст и развој. За таа цел, нудиме постојан пристап до нови, иновативни и едукативни обуки од сите сектори, потребни за водење на нашата бизнис-приказна.

  • img
    img
    Прирачници

    Успехот на франшизата го гарантираме преку стандардизирани и лесно применливи прирачници од сите сегменти на развојот на бизнис-моделот. Од прирачник за маркетинг, преку оперативен прирачник, до прирачник за брендирање на училишниот центар... На тој начин го олеснуваме стартувањето, ги олеснуваме техничките и оперативните задачи, со цел посветено и енергично да се фокусирате на спроведување на програмите и работењето на самиот центар. Во моментот кога системот е поставен, остануваат само желбата и ентузијазмот да го водите и развивате.

  • img
    img
    Информатички систем

    Нашиот софистициран и детално разработен информатички систем нуди едноставна и целосна функционалност за оперативното менаџирање на едукативниот центар. Преку работа во нашата програма, секојдневно имате увид во најважните параметри од вашиот бизнис. Истовремено, преку нашиот информатички систем, во иста мрежа сте со сите членови-франшизери, што се дел од IQ UP! брендот. Во реално време заедно го следиме растот и развојот на нашата бизнис-приказна.

Parent Resources

The Parent Handbook provides new parents with an understanding of the mission, philosophy, policies, and procedures followed at our centre.

Зошто отворањето бизнис во франшизен систем е идално решение за вас?

  • Полесно и побрзо стартување на бизнисот;
  • Започнување на веќе разработен бизнис-модел;
  • Работење по високо поставени стандарди и докажани напредни мотоди;
  • Работење под капата на силен и препознталив бренд;
  • Постојана поддршка преку која учењето на бизнисот оди многу побрзо и поефективно;
  • Заштедувате време и пари од правење почетнички грешки;
  • Ја чувствувате моќта на франшизната мрежа. Припаѓате на заедница од амбициозни и професионални луѓе кои имаат исти цели и предизвици – да го развијат франшизниот бизнис во својот регион и да го направат попрофитабилен;
  • Полесно стекнувате клиени поради препознатливоста на брендот;
  • Ја чувствуваме моќта на групниот маркетинг.
И најважно од сѐ, никогаш не сте сами бидејќи зад вас стои организација и бренд кој се грижи да ви даде најдобра бизнис-поддршка за ваш постојан раст и развој.

Сакате да станете IQ UP! франшизер?

Со пополнување на формата подолу сте на еден чекор до можноста да станете дел од оваа иновативна и успешна приказна.
Пополнете ја и очекувајте нашиот тим набрзо да ве контактира.
Заедно ќе поминеме низ сите детали и прашања и ќе ги разјасниме сите дилеми околу можноста да станете сопственик на еден докажан и успешен бизнис-концепт.