Најдобрите учители се оние што им даваат на децата насоки каде да го бараат одговорот, но не и одговорот
Со многу љубов, посветеност и силна верба во потецијалот на секое дете, ги менуваме животите на децата и создаваме идна генерација на научници, инженери, иноватори и лидери
Нашиот пристап е индивидуален, а наша единствена цел е да го препознаеме потенцијалот на секое дете и да му помогнеме да го развива и да расте во креативна и иновативна средина.
За таа цел, регрутиравме експерти од областа на природните и техничките науки, кои ги обучивме и сертифициравме согласно IQ UP! методологијата. Нивните теоретски знаења ги надополнивме со вештини од психологијата и методологијата, кои веруваме дека се многу важни за интелектуалниот развој на секое дете.
Така, традиционалниот час – каде што учителот зборува, а децата слушаат – го претворивме во интерактивен. Преку користење на иновативните техники, пристапи и методи, нашите учители ги водат учениците низ процес на истражување, експериментирање и развој на креативни решенија. На тој начин создаваме инспиративна и мотивирачка средина, во која децата се охрабруваат да истражуваат, да експериментираат и слободно да ги изразуваат своите идеи и ставови.
Дали и ти сакаш да станеш IQ Up! учител?
Доколку имаш огромна желба да работиш со деца, знаеш на уникатен начин да го презентираш своето знаење и сакаш да си дел од тимот кој ги создава идните лидери, искористи ја можноста и ти да станеш наш IQ UP! учител. Аплицирај преку формуларот подолу и стани и ти дел од иновативната приказна на IQ UP!
Зошто треба да ни се придружиш?
✔️ Работи ја работата кон која имаш страст
Страста кон науката и технологијата и љубовта кон децата се вродени чувства. Доколку ги поседувате, а ви фали енергична и креативна средина во која ќе ги практикувате и применувате, ние сме вистинскиот образовен концепт за тоа. Нашата енергична и креативна средина ќе ви овозможи до максимум да го искористите вашиот потенцијал и да уживате во тоа што го работите.
✔️ Можност да инспирирате промени
Она што е скулпторот за мермерните блокови, тоа е учителот за душата на децата. Токму вашата работа и начинот на пренесување на знаењето е она што го менува животот на вашите ученици. Силно веруваме дека љубовта кон предавањето, дополнета со IQ UP! методологија, ќе ви даде можност да инспирирате и да се гордеете со успесите на идните гении.
Дел си од интернационална мрежа на едукатори
Освен во децата, инвестираме и во нашите учители. Со самиот пристап до интернационална мрежа отвораме прозорец до нови знаења, можности и вештини. Преку патувања, присуство на научни конференции и настани, вложуваме и го поттикнуваме растот и развојот на нашите едукатори. Расти и ти заедно со нас!